Свет Балкан Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтер ги погоди Сплит и...

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтер ги погоди Сплит и околината

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтер ги погоди Сплит и околината, јавуваат хрватските медиуми. Сеизмолошката служба на Хрватска објавила дека, земјотресот се почувствувал во Сплит и во Макарска.

За сега нема информации за повредени, ниту за настаната материјална штета.

Граѓаните во паника споделуваа информации на социјалните мрежи, во кои се вели дека, земјотресот траел долго и бил проследен со звук.