Македонија Земјотрес регистриран во Охрид и Ресен

Земјотрес регистриран во Охрид и Ресен

Земјотрес со интензитет III-IV степени според Европската макросеизмичка скала синоќа е регистриран во регионот на Охрид и Ресен, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот, кој е почувствуван синоќа во 22 часот и 34 минути, бил на 10 километри западно од Охрид.