Свет Балкан Земјотрес регистриран на грчкиот остров Родос

Земјотрес регистриран на грчкиот остров Родос

Земјотрес од сила од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано утринава, југоисточно од грчкиот остров Родос во Егејско Море, а засега нема информации за евентуални штети или повредени.

Епицентарот на земјотресот, кој бил регистриран во 4.40 часот по локално време, бил на длабочина од 32 километри, на 39 километри југоисточно од Родос, соопшти атинскиот Институт за геодинамика.