Македонија Земјотрес од 6 степени според Рихтеровата скала ја затресе Битола

Земјотрес од 6 степени според Рихтеровата скала ја затресе Битола

Битолчани утрово почувствуваа земјотрес околу 8.10 часот. Станува збор за т.н. хоризонтален земјотрес, кој најдобро се воочува поради нишањето на лустерите во домовите.

Епицентарот бил во соседна Грција, а земјотресот таму бил со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала.

Според прелиминарните податоци на Институтот за геодинамика на атинската опсерваторија, земјотресот се случи во 9.10 часот по локално време (8.10 часот по средоевропско време) во крајбрежниот појас, на 11 километри југозападно од Лефкада, на длабочина од само пет километри.