Свет Балкан Земјотрес од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија

Земјотрес од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утринава е регистриран во Албанија, соопшти денеска републичкиот сеизмолошки завод на Србија.

Земјотресот е регистриран нешто по пет часот.

Порталите за следење земјотреси наведуваат дека погоден е северниот дел на Албанија, односно градот Решен, во округот Љеш.