Македонија Земјотрес од 4,2 степени ги разбуди скопјани

Земјотрес од 4,2 степени ги разбуди скопјани

Земјотрес од 4,2 степени во 4.08 часот утрово ги разбуди скопјани, исплашени дека тоа е можеби почетокот на серија земјотреси слични на тие што од 11 септември минатата година го тресеа подрачјето на главниот град.

Земјотресот имал хипоцентар, односно се случил на длабочина од 2 километри, а епицентарот е кај селото Марино, известува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.