Македонија Земјотрес од 3,4 степени почувствуван во Дебар

Земјотрес од 3,4 степени почувствуван во Дебар

Денеска во 11.45 часот, бил регистриран земјотрес во дебарското епицентрално подрачје, со магнитуда од 3,4 степени според Рихтерова скала.

„Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 11 часот и 45 минути регистрира земјотрес со Рихтерова магнитуда од 3,4 степени, кој потекнува од дебарското епицентрално подрачје. Неговиот епицентар се наоѓа на 70 километри југозападно од Скопје“, информираат од опсерваторијата.

Земјотресот бил почувствуван во Дебар, Гостивар и во околината.