Свет Балкан Земјотрес го стресе Сараево

Земјотрес го стресе Сараево

Утрово, во два часот по полноќ, силен земјотрес ги разбудил жителите на Сараево. Земјотресот бил со силина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, додека во епицентралното подрачје биле измерени шест степени по Меркалиевата скала.

Епицентарот бил бо гратчето Пале, дваесетина километри југоисточно од главниот град на Босна и Херцеговина. Нема информации за жртви или за некоја поголема материјална штета.