Економија Земјоделците претрпеа штети од невремето во Тетово

Земјоделците претрпеа штети од невремето во Тетово

Во невремето што го зафати Тетово, уништени се повеќе од 200 до 250 хектари земјоделско земјиште, ниви и посеви со целата реколта компири, грав, пченка, особено во Голема Речица.

Ова денеска го оцени заменик-министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Ванчо Костадиновски, по денешната посета на тетовскиот регион.

– И земјоделците претрпеа огромни штети, но многу скоро ќе биде извршена реална и објективна процена на штетите. Ќе им биде определена и помош за првично обесштетување на земјоделците од уништените парцели, како и уништената сточна храна, други посеви, стока – изјави Костадиновски.