Економија Земјоделците од Петровец го блокираа патот поради незадоволство од владините политики

Земјоделците од Петровец го блокираа патот поради незадоволство од владините политики

Земјоделците од населба Петровец еден час го блокираа сообраќајот бидејќи се незадоволни од политиката на власта за земјоделците и од доделувањето на земјиштето, јавува „Алсат-М“.

Како што велат, имаат проблеми бидејќи земјоделското земјиште не се доделува на вистинските земјоделци.

– Земјиштето го земаат само две фамилии, а немаат ни стока, ни ништо. Се дава под концесија, па тие го изнајмуваат и заработуваат  – се жалат земјоделците.

Плодното земјоделско земјиште од околу 40 хектари било дадено на фирма која се занимава со сепарација на песок на реката Пчиња, а некогаш овде постоела оранжерија која вработувала 80 луѓе.