Економија Земјоделците да поднесат барање до УЈП за паушално оданочување

Земјоделците да поднесат барање до УЈП за паушално оданочување

Земјоделците имаат можност данокот на доход да го плаќаат паушално, доколку нивниот приход од земјоделска дејност за годинава не надмине 1.300.000 денари, соопштуваат од УЈП.

Тие се целосно ослободени од персонален данок, доколку приходот во 2015 година изнесувал до 300.000 денари.

Доколку приходите се движат од 300.000 денари до 1.300.000 денари, предвидени се даночни олеснувања во висина од 80 проценти од остварениот приход, односно данок се плаќа само на 20 проценти од остварениот приход.

Од данок на доход, ослободени се и субвенциите доделени од државата.