Економија Земјите во развој апелираат САД да ги зголемат каматните стапки

Земјите во развој апелираат САД да ги зголемат каматните стапки

Некои од клучните земји во развој апелираат до САД да ја завршат долготрајната агонија на неизвеснот и веднаш да ги зголемат каматните стапки.

Одлуката дали Американската централна банка ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки, ќе се знае утре, и веројатно е една од најисчекуваните одлуки на економски план.

Стручните лица наведуваат дека неизвесноста од исчекувањето е многу поштетна од самото зголемување на каматните стапки.

Голем број раководители на централни банки сакаат тоа зголемување да се случи што е можно побргу.

Светската економија е погодена од падот на цената на суровините, а причина за тоа е забавувањето на некогаш брзорастечката кинеска економија.