Свет Европа Земан: Бројот на бегалци ќе се зголеми двојно

Земан: Бројот на бегалци ќе се зголеми двојно

Бројот на бегалци што ќе пристигнат во Европа ќе биде двојно поголем и ќе следат уште неколку бегалски бранови, изјави чешкиот претседател Милош Земан. 

Тој додаде дека приливот на бегалците што оваа година дојдоа во Европа претставува „организирана инвазија“ и оти младите Сиријци и Ирачани треба самите да земат оружје и да се борат против групата Исламска држава (ИД).

Според чешкиот претседател, најголема превенција е армијата и полицијата да направат еден вид ѕид, кој ќе биде заштита пред миграцискиот бран.

Земан веќе подолго време е критикуван и од домашните и од странските политичари поради неговоите ставови во врска со бегалците.

Според чешкиот премиер Бохуслав Соботка, коментарите на Земан се базирани на предрасуди и се резултат на „неговото вообичаено поедноставување на работите“.