Македонија Земјотрес ноќеска во Дојранско

Земјотрес ноќеска во Дојранско

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, утринава во 3.11 часот регистрирала земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 150 километри југоисточно од Скопјe и потекнува од дојранското епицентрално подрачје.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.8, а биле почувствуван од населението во Дојран, Гевгелија и околината со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.