Македонија Зеленски ја обвини Русија за енергетски тероризам

Зеленски ја обвини Русија за енергетски тероризам

Фото: Укринформ

Руските напади врз енергетската мрежа на Украина оставија 4,5 милиони луѓе без електрична енергија, заради што украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва за енергетски тероризам.

Во последните неколку недели Русија изврши големи ракетни напади врз украинските електроенергетски постројки, откако официјални лица соопштија дека руските трупи најверојатно ќе се повлечат од клучниот јужен град Керсон. По овие најави во последните недели Русија ги засили нападите врз електричната инфраструктура во градовите далеку од првите линии на фронтот.

Според претседателот Зеленски, само во последниот месец, една третина од електраните во земјата биле уништени.

„Околу 4,5 милиони потрошувачи се привремено исклучени од потрошувачката на енергија“, рече Зеленски во своето обраќање до граѓаните.

Како резултат на тоа, украинската влада беше принудена да го повика населението да се обиде да штеди и енергијата да ја користи умерено.