Свет Балкан Зелено светло за основање специјален суд за воени злосторства на Косово

Зелено светло за основање специјален суд за воени злосторства на Косово

Уставниот суд на Косово денеска едногласно ја донесе одлуката со која даде зелено светло за основање специјален суд за воени злосторства на Косово.
Според Уставниот суд, амандманот од Уставот на Косово, кој се однесува на основањето на специјалниот суд за воени злосторства, не го намалува човековите права и слободи, одредени со второто и со третото поглавје од уставот.

Судот го оцени како прифатлив амандманот 24 на Уставот, кој на 9 март го поднесе претседателот на Собранието на Косово. Судската одлука стапува на сила веднаш.
По одлуката на Уставниот суд, Собранието на Косово би требало до крајот на месецов или на почетокот на мај со двотретинско мнозинство да го усвои предложениот амандман, а потоа и закон за основање специјален суд за воени злосторства.