Свет Европа Заврши заложничката драма, заложниците ослободени

Заврши заложничката драма, заложниците ослободени

Попладнево, специјални сили на француската полиција го убија и киднаперот кој држеше заложници во супермаркет во Порт де Вансан, во источниот дел од Париз.

Претходно и двајцата браќа осомничени за завчерашното убиство на 12 луѓе во неделникот „Шарли ебдо“ беа убиени во заложничката драма, јави „Франс прес“.

Саид и Шериф Коуши, според сè уште непотврдени информации, се убиени во печатницата, во индустриската зона Дамартин, 30 километри северно од Париз.