Македонија Заврши првата средба на работната група по одморите

Заврши првата средба на работната група по одморите

Заврши средбата на членовите на работната група. Претставниците на партиите не дадоа изјава, ниту пак кажаа дали на овој состанок постигнале некаков напредок.

Тема на денешните разговори требаше да биде Државната изборна комисија и Изборниот законик.

Претставници од СДСМ беа Цветанка Иванова и Дамјан Манчевски, од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски и Никола Тодоров. ДУИ ја претставуваа Артан Груби и Муса Џафери, додека претставник од ДПА беше Имер Алиу.

На средбата присуствуваше и белгискиот олеснувач Питер ван Хојте.