Македонија Затворени се патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце

Затворени се патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег на коловозите, по интервенција на екипите од „Македонија пат“.

На планинските премини, повисоките и на осојничавите места поради ниска температура можна е појава на голомразица. Врнежи од слаб снег во раните утрински часови се бележат во Крива Паланка.

На патниот правец Прилеп – Витолиште сообраќајот е дозволен само за лесни возила, со задолжителна употреба на зимска опрема, соопшти Автомото-сојузот на Македонија.

Затворени за сообраќај се патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце, а забраната за движење на тешки товарни возила сè уште важи за патниот правец Маврово – Дебар.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и во засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.