Хроника Затворени обложувалници во Тетово

Затворени обложувалници во Тетово

Полициски службеници од СВР Тетово, вчера попладне, во соработка со инспектори од УЈП, спроведоа заедничка акциска контрола во три спортски обложувалници во Тетово, кои нелегално, односно незаконски работеле без потребните лиценци.

Од објекти одземени се 17 телевизори, осум компјутери, девет монитори, седум принтери и 95.570 денари. Одземената опрема пренесена е во СВР Тетово за понатамошна постапка, додека против сопствениците на „дивите“ обложувалници ќе следуваат соодветни пријави.

Изречена е и забрана за вршење дејност.