Македонија Затворен магистралниот пат Ресен – Битола – Прилеп

Затворен магистралниот пат Ресен – Битола – Прилеп

Магистралниот пат Ресен – Битола – Прилеп кај Битола е затворен за сообраќај поради одрони на патот, а возилата се пренасочуваат низ градот.

Од Автомото-сојузот на Македонија соопштуваат дека сообраќајот на другите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози, соопшти утрово АМСМ.

Обиколницата во Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено треба да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.