Економија Затуроска: ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја одржи економијата во правилна насока

Затуроска: ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја одржи економијата во правилна насока

Македонската економија како и претходната година така и сега од страна на Европската комисија е оценета како стабилна, со прогнозиран пораст на домашниот бруто-производ од 3,2 проценти, што е еден од највисоките во Европа, изјави на прес-конференција Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додаде дека „во извештајот се прогнозира невработеноста да се намали на 22 проценти, што е идентична на таргетот на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ поставен за периодот до 2018 година.“

– Покрај вештачки креираната криза од страна на СДСМ која имаше и за цел да го отежни економскиот раст, ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја одржи економијата во правилна насока и да обезбеди економска стабилност и просперитет – додаде Затуроска.