Македонија Застреланиот полицаец пуштен на домашно лекување

Застреланиот полицаец пуштен на домашно лекување

Полициска акција

Полицаецот што синоќа беше застрелан во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје и притоа доби повреда на левото рамо, е пуштен на домашно лекување.

Според неофицијални информации, настанот се случил кога полицаецот, кој бил без униформа и не бил на работно место, тргнал кон Старата скопска чаршија.

На улицата Стив Наумов, тој бил нападнат од две непознати лица, при што едното истрелало куршум кон него и тој бил погоден во левото рамо.

МВР работи на расветлување на случајот.