Македонија Полицаец застрелан кај „Мавровка“

Полицаец застрелан кај „Мавровка“

Во престрелка кај трговскиот центар „Мавровка“ доцна синоќа, еден полицаец е повреден.

Според неофицијалните информации, во полицаецот стрелале две лица кои се дале во бегство.

Полицаецот од Бит Пазар бил префрлен во болница и не се даваат информации колку се сериозни повредите.

Полицијата најавува повеќе детали за денеска.