Свет Балкан Запрен сообраќајот на Босфорот поради бродска несреќа

Запрен сообраќајот на Босфорот поради бродска несреќа

Бродскиот превоз низ Босфорот е запрен откако товарен брод се судри со пловило на крајбрежната стража.

Истанбулските власти соопштија дека шест лица се спасени после денешниот судир.

Не е објавено колку долго ќе биде затворен овој стратешки важен пловен пат.

Околу три отсто од светските нафтени резерви секоја година минуваат низ Босфорскиот премин.