Свет Европа Запленети 500 килограми хашиш на Сардинија

Запленети 500 килограми хашиш на Сардинија

Италијанската полиција соопшти дека запленила 500 килограми хашиш во пристаништето Калјари на Сардинија.

Уапсени се две лица, жители на Калјари, кои на пристаништето чекале да пристигне дрогата.

Дрогата била скриена во кабината на глисерот кој стигнал од Неапол и кој го пресретнале специјални полициски единици.