Свет Свет Запленет тон кокаин кај Галапагос

Запленет тон кокаин кај Галапагос

Еквадорските власти во близина на островот Галапагос откриле своевидна подморница, во која имало еден тон кокаин, соопшти еквадорската крајбрежна стража.

Операцијата на запленување на пловниот објект и дрогата е извршена во соработка со полициските сили на Еквадор и Колумбија, изјави заменик министерот за внатрешни работи на Дијего Фуентес.

Пловниот објект е пресретнат во близина на островот Хеновес, на северот на архипелагот Галапагос, а во операцијата се уапсени три лица.

Еквадорските власти на почетокот на мај соопштија дека од почетокот на годинава заплениле околу 26 тони дрога, претежно кокаин, кој бил наменет за странските пазари.