Македонија Запалено возило во Кисела Вода, пукања на стакла ги разбуди граѓаните

Запалено возило во Кисела Вода, пукања на стакла ги разбуди граѓаните

Две околни возила се оштетени во инцидентот, кој доаѓа помалку од две недели по пожарот во Расадник

Фото: Мета.мк

Утринава во околу пет часот беше запалено возило „ауди а7“ на паркингот на улицата Христо Татарчев во Општина Кисела Вода. Чад и пукање на стакла ги разбуди граѓаните, дознава Мета.мк.

Фото: Мета.мк

Изгорени се и две други околни возила.

Според информации кои ги доби Мета.мк, возилото е во сопственост на суспендиран полициски службеник од Куманово.

Овој инцидент доаѓа помалку од две недели по пожарот во Расадник.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за Мета.мк најави дека ќе се разговара за засилени полициски патроли.