Дописници Запалени уште две палми во Прилеп

Запалени уште две палми во Прилеп

Во екот на полноќните забави на камената бина во Прилеп, во рамките на годинешниот „Пиво-фест“, ноќеска, околу 3 часот по полноќ, беа запалени нови две палми, засадени во паркот пред општинската зграда.

Ова е втор случај во кој се запалени дел од новозасадните палми во Прилеп. Завчера, додека траеше настапот на хрватската музичка група „Прљаво казалиште“, исто така беше запалена една од палмите во центарот на градот.

Високостеблестите влакнести палми од видот trachycarpus fortunei, пред два месеци беа поставени во повеќе градови во земјата, меѓу кои и во Прилеп.

Б.Б.