Хроника Запалена продавница во Битола

Запалена продавница во Битола

Утрово, околу 2 часот, во битолската полиција било пријавено дека непознато лице предизвикало пожар во продавница на булеварот 1 Мај, информираат од полицијата.

Во пожарот, продавницата „Елегант – Ловец – Јанков“, сопственост на А.Ј. од Кочани, целосно изгорела.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за откривање на сторителот.