Свет Свет Запалена џамија на Западниот Брег

Запалена џамија на Западниот Брег

Запалена џамија во близина на Рамала

Еврејските доселеници синоќа запалија џамија кај Рамала на Западниот Брег, соопштија денеска палестинските безбедносни претставници.

Запален е целиот прв кат на верскиот објект во селото Ал Магајир, во близина на еверјската населба Шило, соопштија истите извори. Друга џамија во истото село на сличен начин беше запалена во 2012 година.

Еврејските доселеници, кои се приврзаници на екстремните струи, често своите напади ги потпишуваат со графит „етикета со цена“, но синоќа тоа не било случај.

Израелските војници вчера убија палестински демонстрант за време на судирите на југот на Западниот Брег. Новата рунда насилства почна пред пет месеци, со киднапирање и со убиство на тројца израелски тинејџери.