Хроника Запален автомобил во населбата Аеродром

Запален автомобил во населбата Аеродром

Ноќеска, триесетина минути по полноќ, бил запален автомобил марка „пежо 307“, на булеварот Јане Сандански, во близина на Мајчин дом, во населбата Аеродром, информира полицијата.

Екипа на скопската противпожарна бригада интервенирала на местото и го изгаснала пожарот.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.