Свет Западот постигна договор за нукеларната програма во Иран

Западот постигна договор за нукеларната програма во Иран

Помеѓу Иран и САД, Кина, Русија, Франција, Велика Британија и Германија во Лозана е постигнат политички рамковен договор за контроверзната иранска нуклеарна програма, кој е основна фаза на патот кон потпишувањето на конечниот договор најдоцна до 30 јуни.

Американскиот државен секретар, Џон Кери, на својот твитер-профил објави дека денеска е голем ден.
„ЕУ, групата 5+1 и Иран ги утврдија параметрите за решавање на основните прашања од нуклеарната програма. Наскоро ќе ја почнеме работата за постигнување конечен договор“, напиша Кери на „Твитер“.

Генералниот секретар на Обидинетите нации, Бан Ки-мун, изјави дека со постигнатиот договор ќе се ограничи иранската нуклеарна програма и тоа ќе доведе до откажување на сите меѓународни санкции против Техеран.

„Едно сеопфатно, договорено решение на проблемот со иранската нуклеарна програма ќе придонесе за мирот и за стабилноста во регионот и ќе дозволи на сите земји итно да соработуваат во борбата со многу и сериозни предизвици за безбедноста, пред кои се исправени“, се вели во соопштението на Ки-мун.

Според договорот, капацитеот на Иран за збогатување на ураниумот не би требало да биде намален за две третини, а Техеран во замена би требало да постигне укинување на санкциите кои десет години ја задушуваат економијата на оваа земја.