Македонија Замениците на Џафери и интерпелациите за Николовски и за Царовска, денеска пред...

Замениците на Џафери и интерпелациите за Николовски и за Царовска, денеска пред Собранието

Собранието денеска ќе ја продолжи работата по точките од дневниот ред на осмата, дванаесеттата и на тринаесеттата седница, кои останаа незавршени поради паузата на законодавниот дом за локалните избори.

На дневен ред на осмата седница е предлогот за именување на заменици на генералниот секретар на Собранието и неколку закони предложени од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ.

Предлог-одлука за утврдување на бројот на потпретседатели на Собранието е на дневен ред на 12. седница. Пред оваа точка пратениците треба да расправаат за измените на законите за извршување, за исплата на плати и за издавање вредносни бонови за студенти, предложени од пратениците на ВМРО – Илија Димовски, Драган Данев и Невенка Стаменковска.

Собранието треба да продолжи со расправата по интерпелациите за министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за труд и социјална политика, Љупчо Николовски и Мила Царовска, поднесени од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.