Македонија Заменик-министерот за одбрана Максути во посета на Косово

Заменик-министерот за одбрана Максути во посета на Косово

Македонскиот заменик-министерот за одбрана, Беким Максути, денеска е во официјална посета на Косово.

Максути во Приштина ќе се сретне со министерот на косовските безбедносни сили, Хаки Демоли, заменик-министерот Мухамет Латифи, генералниот секретар во министерството, Шкелзен Сиљај, како и со командантот на косовските безбедносни сили, генерал полковник Рахман Рама.

За време на посетата на Приштина, Максути ќе го посети и Центарот за универзитетски студии во касарната „Адем Јашари“ во косовскиот главен град.