Хроника Залутан куршум оштетил возило во Куманово

Залутан куршум оштетил возило во Куманово

Триесетгодишна кумановка вчера во локалната полиција пријавила дека околу 17 часот од заталкан куршум бил оштетен автомобилот на нејзиниот сопруг, информираат од полицијата.

Според полицијата, залутаниот проектил од огнено оружје завршил во багажникот на автомобилот, марка „ауди“, кој бил паркиран на улицата Октомвриска револуција.

Екипа на Секторот за внатрешни работи од Куманово, извршила увид на местото и работи на расчистување на случајот.

Завчера, од залутан куршум за малку ќе настрадаше брачен пар во Гостивар, откако зрно истрелано од огнено оружје падна во нивна близина, во дворот од семејната куќа.

Во понеделникот минатата недела, пак, од залутан кушрум загина 10-годишно дете во гостиварската населба Фазанерија.