Свет Свет Заложничката драма во Дака заврши со убиство на 20 цивили и на...

Заложничката драма во Дака заврши со убиство на 20 цивили и на шест милитанти

Заложничката драма во Дака заврши со убиство на 20 цивили и на шест исламски милитанти, кои ги држеа во заложништво гостите во ресторанот „Холи артисан бејкери“.

Безбедносните сили на Бангладеш употребија сила за да ѝ стават крај на десетчасовната заложничка драма.

Во акцијата биле спасени 13 заложници, а еден од напаѓачите бил уапсен.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.