Свет Европа Заложничка драма во банка во Германија

Заложничка драма во банка во Германија

Вооружен напаѓач утринава во филијала на банката „Шпаркасе“ во Дуизбург зел двајца службеници како заложници. Во тек е голема полициска акција.

Германската полиција соопшти дека напаѓачот е азилант, а дека маж и жена, кои се вработени во банката, се држат како заложници.

– Во моментов целата околина е опколена – соопшти портпаролот на полицијата, додавајќи дека во акцијата се вклучени и снајперисти.

Полицијата сè уште нема воспоставено контакт со лицата кои се наоѓаат во банката.

Вработена во банката, која успеала да побегне, ја информирала полицијата за нападот, кој почнал некаде пред 9 часот.