Свет Заканувачки писма за синот и за сестрата на Доналд Трамп

Заканувачки писма за синот и за сестрата на Доналд Трамп

Сестрата на Доналд Трамп, која е судијка во апелацискиот суд во Филаделфија, Маријан Трамп, добила заканувачко писмо слично на писмото што го добил и еден од синовите на републиканскиот кандидат за номинација за претседателските избори во САД.

Полицијата во Филаделфија соопшти дека ФБИ и тајната служба го истражуваат овој случај, но не соопшти повеќе детали.

Ерик Трамп, синот на Доналд Трамп, во заканувачкото писмо што го добил нашол и сомнителен бел прав, но анализата покажала дека супстанцата не е опасна.

Во писмото пишувало дека доколку Трамп не се повлече од трката за Белата куќа, ќе страдаат неговите деца.