Свет Заканата за бомба на летот за Сао Паоло била лажна

Заканата за бомба на летот за Сао Паоло била лажна

Истрагата покажала дека денешната закана за бомба во авионот на летот Истанбул – Сао Паоло на компанијата „Туркиш еирлајнс“ била лажна.

Авионот „боинг 777“ со 256 патници од Истанбул за Сао Паоло мораше вонредно да слета во мароканскиот град Казабланка, поради дојава за подметната бомба.

Во авионот на летот ТК15 се случила узбуна откако во тоалетот било пронајдено парче хартија на која бил испишан зборот „бомба“.

Ова е втор ваков инцидент откако вчера авион на истата компанија, кој летал за Токио, бил вратен во Истанбул поради закана за наводно подметната бомба.