Дописници Загина 26-годишен охриѓанец во сообраќајка во Охрид

Загина 26-годишен охриѓанец во сообраќајка во Охрид

Во тешка сообраќајна несреќа на  улицата Питу Гули во Охрид, денеска околу 6 часот животот го загуби 26-годишен охриѓанец.

Од засега непознати причини, загубил контрола над автомобилот „форд“ со кој управувал и удрил во дрво, по што веднаш починал. Во автомобилот бил сам.

Полицијата изврши увид, а точните причини за собораќајката ќе се утврдуваат дополнително.