Дописници Загадена е водата за пиење на Попова Шапка

Загадена е водата за пиење на Попова Шапка

Водата за пиење на туристичкиот центар Попова Шапка е фекално загадена, покажа последните испитувања на Центарот за јавно здравје Тетово кои откриле присуство на ешерихија коли. Микробиолошкото загадување е резултат на неодржување на резервоарите на водата за пиење на Попова Шапка, изјавија од центарот.

– Резервоарите на водата за пиење треба редовно да се дезинфицираат, во спротивно може да дојде до микробиолошко загадување на водата. Затоа препорачуваме итна дезинфекција и хиперхлорирање на водата – изјави д-р Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија вработен во Центарот за јавно здравје Тетово.

Јавното комунално претпријатие Тетово е надлежно за одржување на водата за пиење на Попова Шапка. Но, оттаму не даваат никакви информации дали нивните служби планираат да извршат хиперхлорирање на водата и дезинфекција на резервоарите.