Македонија Заев: Знаеме дека на изборите власта ќе биде поразена

Заев: Знаеме дека на изборите власта ќе биде поразена

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска од Прилеп порача дека условите за избори се исполнети. Тој кажа и дека избирачкиот список е прочистен и оти се забележува тренд на подобро балансирано известување во медиумите.

– На 11 декември не само што ќе има избори, туку и промени – рече Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали на листите на СДСМ значајно ќе бидат застапени активисти на „Шарената револуција“, лидерот на опозицијата рече дека на пратеничките листи на неговата партија ќе се најдат „најдобрите репрезенти на граѓаните“.

„Сакаме да ги пронајдеме најдобрите. Ќе се водиме од интересот на граѓаните. Најдобрите ќе бидат на листите. Конечно да го вратиме сјајот на Собранието, да имаме силен парламент. И Заев беше дел од „Шарената револуција“. На крајот ќе бидеме широк фронт за Македонија. Знаеме дека на изборите власта ќе биде поразена“, изјави Заев.