Македонија Заев – Жбогар: Избран е новиот собраниски претседател, треба да се избере...

Заев – Жбогар: Избран е новиот собраниски претседател, треба да се избере и новата влада

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево се сретнал со евроамбасадорот Самуел Жбогар, информираат од партијата.

Во соопштението се вели дека двајцата соговорници констатирале дека е заокружено формирањето на парламентот со изборот на новиот собраниски претседател и дека демократскиот процес мора да продолжи со формирање на новата реформска влада.

Иако програмата на новата влада е позната за целата домашна и меѓународна јавност, Заев изјавил дека е подготвен да ја реафирмира пред граѓаните и претседателот Ѓорге Иванов, со што, како што велат од СДСМ, ќе бидат разбиени сите неразумни аргументи со кои претседателот го условува мандатот, за заштита на интересите на Никола Груевски.

На средбата било осудено крвавото насилство во параламентот, кога беа повредени пратеници, новинари и вработени и е оценето дека е неопходно да се овозможи мирен трансфер на власта.