Македонија Заев за „Ал Џезира“: Има закани за живот на опозиционери

Заев за „Ал Џезира“: Има закани за живот на опозиционери

Веруваме во конечна разврска, со која Никола Груевски ќе замине од политичката сцена, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашното интервју за „Ал Џезира“.

– Ова е очекувана реакција од Груевски. Жално е што сака и ВМРО-ДПМНЕ да го повлече со него. Криминалот е околу Груевски и околу негови блиски соработници – рече Заев.

Тој додаде дека во материјалот од прислушувани разговори што СДСМ го поседува има снимки што сведочат за закани за живот на опозиционери.

– Ова што досега го објавиме не е повеќе од 10 отсто од тоа што го имаме. Имаме папки за слобода и за демократија во кои има конкретни докази за работи кои сè уште се табу-тема во Македонија: Никола Младенов, затворањето на телевизијата „А1“, Мартин Нешковски, името – какво предавство е направено со името. Вистината е скриена од јавноста. Ние се бориме со докази и со сите легални средства, а Груевски прави сè што може само да ја заштити својата кожа – рече Заев.