Македонија Заев: Време е за одлука, одиме напред во НАТО и ЕУ

Заев: Време е за одлука, одиме напред во НАТО и ЕУ

Време е за одлука! Одиме напред во НАТО и ЕУ, напиша премиерот Зоран Заев на неговата официјална „Фејсбук“ страница.

„Со договорот македонскиот идентитет е заштитен. Граѓаните на Македонија влегуваат гордо во НАТО и ЕУ“, напиша Заев на постот на кои се додадени хаштазите #МКвоЕУ #МКвоНАТО #ФактиЗаДоговорот.

На постот е прикачено и видео на кое се прикажани споменикот „Илинден“ во Крушево, Матка, Скопје но и седиштето на НАТО во Брисел.

Постот е дел од кампањата на владата за претстојниот референдум кој ќе се одржи на 30 септември. Референдумското прашање гласи „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.