Македонија Заев во работна посета на европските институции во Брисел на 4 и...

Заев во работна посета на европските институции во Брисел на 4 и 5 јуни

Премиерот Зоран Заев на 4 и 5 јуни ќе оствари работна посета на европските институции во Брисел, информираат од Владата.

„На 4 јуни, вторник, премиерот Заев ќе се сретне со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер со кого ќе разговараат за Извештајот на ЕК и за резултатите од изборите за Европскиот парламент, во пресрет на средбите на Советот на ЕУ и Европскиот совет на крајот на јуни оваа година. Во попладневните часови, премиерот ќе има и средби и со високата претставничка за надворешна политика, Федерика Могерини, како и со европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан“, се вели во соопштението на Владата.

На 5 јуни, среда, премиерот придружуван од потпретседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за финансии Драган Тевдовски, на покана на Европската банка за обнова и развој, ќе учествува на панел дискусија на тема: „Северна Македонија: Забрзани реформи, забрзана ЕУ интеграција” во организација на Европската банка за обнова и развој (EBRD) и Центарот за студии на европски политики (CEPS).