Македонија Заев во официјална посета на Косово, ќе се сретне со Харадинај и...

Заев во официјална посета на Косово, ќе се сретне со Харадинај и со Тачи на 12 декември

Премиерот Зоран Заев ќе престојува во еднодневна официјална посета на Косово, на 12 декември (вторник), информираат од Владата. Во рамки на посетата, предвидена е средба на Заев со неговиот косовски колега Рамуш Харадинај, по што ќе следи и заедничка прес-конференција.

Во текот на денот, премиерот ќе оствари средба и со претседателот на Косово, Хашим Тачи, како и со претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели. Истиот ден е предвидена и средба со претставници на Македонско-косовската бизнис-заедница.

Делегацијата предводена од премиерот Заев ќе ја сочинуваат министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, како и министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми.

„Посетата на Косово на владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев воедно е и прва официјална посета на премиер на Република Македонија на Република Косово“, информираат од Владата.