Економија Владата и Сорос отворени за соработка за развој на демократијата и нови...

Владата и Сорос отворени за соработка за развој на демократијата и нови инвестиции

Премиерот Зоран Заев, денеска во Давос се сретнал со филантропот и финансиер Џорџ Сорос, основач на Фондацијата отворено општество (ФОО) и со Александар Сорос, заменик претседавач со глобалниот одбор на ФОО.

На средбата било истакнато дека Македонија ги споделува и промовира вредностите на демократијата, заштитата на човековите права, владеењето на правото и отвореното општество, како вредности за кои се застапува и ФОО.

„Концептот отворено општество еднакво за сите и понатаму останува столб врз кој се гради новиот лик на Република Македонија, заедно со демократските реформи за членство во ЕУ ​​и НАТО и со економските мерки кои ги презема Владата“, било нагласено на средбата со Сорос.

Во соопштението се додава дека, Владата и Џорџ Сорос и понатаму остануваат отворени за соработка на планот на развојот на демократските капацитети на општеството, како и на можностите за нови бизниси и директни инвестиции.