Македонија Заев со вработените од општините Куманово, Струмица и Центар со помош за...

Заев со вработените од општините Куманово, Струмица и Центар со помош за настраданите

Лидерот на СДСМ, Зора Заев заедно со вработени во општините кои ги води СДСМ денеска ги посети жителите во Сингелиќ и Стајковци кои беа најпогодени од катастрофалното невреме. Заев најави дека општинските претпријатија на Куманово, Струмица и Центар кои што доаѓаат со свои ресурси, ги ставаат целосно на располагање на државниот штаб, на штабот на градот Скопје и штабот на општина Гази Баба, во функција на координирано и организирано помагање.

– Сите наши активисти од Социјалдемократскиот сојуз коишто се овде со алатки за помагање ќе се распределат денеска во две групи, во Сингелиќ и во Стајковци. Продолжуваме утре во Булачани, Црешево и на други места. Дојдовме со неколку специјализирани возила за испумпување на вода и со технички води од противпожарните станици, тоа се десетина возила. Дојдовме со донаторска помош, пред се вода и прехранбени продукти коишто ќе бидат поделени овде во регионот. Се надевам дека сите граѓани коишто можат да се вклучат во помошта ќе помогнат, но тоа да го прават на координиран и организиран начин и навистина е време за помош – изјави Заев.